Заев: Ако продолжите вака, ќе избереме претседател на Собранието било каде

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Собранието на Република Македонија рече доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжeле да ги кршат Деловникот и Уставот, мнозинството ќе избере претседател на Собранието било каде.

- Пет седмици, триесет дена парламентарното мнозинство оформено овде буквално ве моли да прекинете да го кршите Деловникот, а вие се правите како паднати од Марс. Конститутивната седница секогаш траела од еден до пет часа, а не волку многу - рече Заев.

Тој ги потсети пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека од над еден милион гласачи добиле 400.000 гласа и дека тоа не е мнозинство.

- Ве молам најучтиво давајте право на реплика и говорник, но ако се надвор од темата одземете им го зборот како што е предвидено во Деловникот, ве молам најучтиво продолжете ја седницата по 18 часот. Дајте мнозинството да се изјаснува, да се премине на четвртата точка - рече Заев. 

 

 

 

27.04.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега