Иванов се обрати на јавноста - закажа лидерска средба за утре

Претседателот Иванов се обрати од Вила Водно за инцидентите во Собранието.

- Повикуван на смирување на тензиите и ненасилство и одговорно однесување на сите надлежни институции. Пратениците се наиодговорни за враќањето на состојбата. Секој треба да биде одговорен за своите постапки. Оваа состојба може да се надмине само со почитување на правниот поредок. Нема прашање за кое не може да се најде решение со дијалог, рече Иванов.

Тој ги повика лидерите на партиите во вилата Водно за да се реши ситуацијата со лидерска средба.

- Никој од надвор нема да ни ги реши проблемите, заврши тој.

 

 

 

27.04.2017 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега