Тодоров: Случувањата се смислено сценарио за судир кој требаше да го засени нелегалниот избор на претседател на Собрание

Од оваа временска дистанца можеме да направиме анализа за се што се случуваше и се плашам дека ова е смислено сценарио, смислен план кој имаше за цел да предизивика судир кој требаше да го засени нелегалниот, незаконски и неделовнички избор на претседател на Собрание, истакна во интервјуто во ТВ Нова Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се случи за денес никој да не зборува за тоа, туку сите да зборуваат за тоа каков хаос се случи. Никогаш не сум го оправдувал насилството и се надевам дека она никогаш повеќе нема да се случи. Дојде до многу несакан настан и тоа го осудувам.Но, во исто време се случи и сериозно политичко насилство кое може да направи лош преседан кој може да се повторува во иднина во различни околности. Она што мене сериозно ме плаши како човек, граѓанин, политичар е дека ова е многу лош преседан кој ако дозволиме да помине, ќе се повтори со сигурност и многу веројатно е да се повтори и кон оние кои го почнаа ова, вели Тодоров.

Тој истакна дека не е ништо ново во демократијата да се промени власт и тоа не е страшно, но вели страшно е како е тоа направено неуставно, нелегитимно, неделовнички.

– Ние веруваме во демократијата, во Уставот, законите, процедурите. Ако не се почитуваат процедурите и секој кој е на позииција може да одлучува како нешто ќе направи спротивно на законите, тоа не е демократија. Тоа не смее да се дозволи, тогаш паѓа суверенитетот, државноста, тогаш може некој да ни ја оспори и државата, вели Тодоров.

 

 

 

29.04.2017 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега