Тешка сообраќајка кај скопско Батинци- се судрија камион и комбе

 

Попладнево кај скопското село Батинци се случила тешка сообраќајна несреќа. Во незгодата дошло до директен судир меѓу комбе и камион, а како што може да се види на фотографијата, комбето од неговата предна страна е тотално уништено.

Според првичните информации, камионот претекнувал, па така дошло до судирот. За сега нема информации за повредени лица, пренесува Република.

 

 

 

04.05.2017 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега