САД го поздравија доделувањето на мандатот

САД ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

- САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да го даде мандатот за составување Влада на Зоран Заев. Ова значи голем чекор напред за граѓаните во Македонија, стои во објавата.

Од САД додаваат и дека се надеваат дека новата Влада ќе ги совлада предизвиците со кои се соочува Македонија, вклучувајќи ја и потребата за демократски реформи и целосна имплементација на договорот од Пржино.

- САД остануваат пријател на Македонија на евро-атлантскиот пат, стои во објавата.

 

 

 

 

18.05.2017 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега