Спасовски: Новата Влада ќе ги заштити работничките права, решенијата ќе се носат преку дијалог

Денеска е значаен ден заради тоа што на повик на неколку синдикати сме тука за да поразговараме околу идните ставови на новата Влада предовдена од Социјалдемократскиот сојуз и во тој дух ние се залагаме да го вратиме дијалогот помеѓу работниците, работодавачите и Владата на Р.Македонија, нешто што беше уништено во последниот период. Навистина, Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права. Нам, како СДСМ ни стои во програмата да направиме се за да ги заштитиме работничките права, а тоа може да се оствари само преку отворен дијалог помеѓу работодавачите, работниците и Владата и тоа е нешто што мора веднаш да го започнеме и да разговараме за сите оние отворени прашања кои пред се ќе значат зголемување на минималната и просечна плата во Македонија и заштита на работниците, нешто што мора да стане пракса во Македонија и само преку таков еден дијалог да ги носиме сите решенија, затоа што носење на било какво законско решение или одлука која нема да ги остварува целите на работниците, тогаш мислам дека се пропаднати закони. Токму заради тоа, мислам дека ваков дијалог и вакви средби се неопходни и еве, нека ова биде еден почеток на постојан дијалог, пред се за заштита на работничките права, а воедно и за економијата во Македонија.

 

 

 

26.05.2017 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега