Крсте Јовановски: Програмата ја видовме, дека личи на програма за седница, а не за реформи
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Јовановски запраша каква демократија ќе спроведе новиот мандатор Зоран Заев, кога за дебата поврзана со изборот на влада имало само еден ден. Според него, новата програма е параван за се она што ќе следувало.
„Мерките се за докажување, не се решенија. Програмата ја видовме, често пати зборував дека таа личи на програма за седница, а не за реформи. Беа презентирани мерки, односно измени, но тие се спроведуваа во државава со резултати. Новото мнозинство велеше дека тие не се добри и создале сиромаштија. Јас нема да зборувам што направила Владата до сега, бидејќи секој човек осетил бенефит“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски.
Јовановски изрази оптимизам, дека во идниот период, ВМРО-ДПМНЕ ќе има причини зошто да ја фали новата власт.
„Господине Заев, вие рековте дека ќе побарате стручно мислење од СЈО, за идните министри, со тоа и за вас. Вие рековте да прашаме се што мислиме, а вие ќе одговорите. Ве прашувам, што мислите за Вас и вашите министри и министрите од реформската Влада? Во контекст на реформите, веќе два дена разговараме и дебатираме, а тука се шетаат голем број на бодигарди, специјалци, полиција. Од што се плашите? Па нели ова е за народот? Гордоста е достоинство и чесност. Сакам да завршам со оптимизам, дека сето она што беше кажано од овде, дека Владата ќе работи чесно, за граѓаните, дека нема да има одмазнички и други работи. Се надевам дека во идниот период ќе дозволите да ве фалиме“, додава Јовановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа