Чупиќ: Допрва почнуваме, Вардар има светла иднина

Најдобриот машки ракометен колектив во Македонија, Вардар се искачи на врвот на Европа со тесна победа во финалето во Келн над фаворизираниот ПСЖ.

Херојот Иван Чупиќ, кој го постигна победничкиот погодок на неколку секунди до крајот, по мечот изјави:

-Ова е неверојатен успех, но јас сега сум мирен, бидејќи верував во победа и тврдам дека ова не е крајот на Вардар, туку само почеток. Ако сакаш да бидеш најдобар, мораш да ги победиш сите великани во Европа. Знаевме дека имаме квалитет да се носиме со големите екипи, а тоа го докажавме во текот на цела сезона. Од срце им честитам на сите кои учествуваа во овој проект, сите тие имаат удел во овој медал – изјави хрватскиот ракометар.

Хрватот се издигна во директниот дуел со еден од најдобрите голмани Тјери Омејер и успеа да го совлада во последниот напад на македонскиот тим.

 

 

 

04.06.2017 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега