Заев се сретна со израелскиот премиер Нетанјаху

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска во Ерусалим имаше работен ручек со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Нетанјаху по средбата на Твитер напиша дека со Заев разговарале за продлабочување на соработката меѓу Израел и Македонија. 

Двајцата премиери попладнево имаат заедничка прес-конференција во Ерусалим на која информираат за содржината на разговорите.

 

Македонскиот премиер во текот на денов треба да се сретне и со лидерот на опозицијата Исак Херцог.

Заев во Израел, каде престојува на покана на неговиот израелски колега Нетанјаху, го придружува владина и бизнис делегација.

За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин. Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на средбата Заев и  Ривлин.

Македонскиот премиер, придружуван од владината делагација со којашто е во Израел, беше и во посета на Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот центар на Холокаустот. Тој положи венец во име на Република Македонија, во Холот на Сеќавањето, за 6-те милиони Евреи, жртви на Холокаустот и присуствуваше на молитвата за загинатите, меѓу кои и деца,  а засади и засади дрвце на мирот во Шумата на нациите, исто така во Ерусалим.

Попладнето Заев се обрати на Израелскиот совет за надоврешни работи, и на Бизнис форумот што го организира Владата на Република Македонија.

 

 

 

04.09.2017 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега