Продолжува расправата за огласот за јавен обвинител

 

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија, што е на дневен ред на 12. седница.

Во понеделникот пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека со процедурата за јавниот оглас се прекршува членот на законот кој според нив, СДСМ барал да се внесе во Изборниот законик. Тие потсетија дека и Владата се оградува од, како што истакнуваат, какви било процедури и оти ги ставаат во мирување сите разрешувања и именувања на функционери за после изборите.

 

 

 

06.09.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега