Страотна сообраќајка синоќа во Штип - автомобил излетал од патот

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 23 часот се случила на регионалниот пат Свети Николе – Пробиштип во близина на село Немањици.

Како што информираат од полицијата 45-годишниот Н.С. од Штип управувајќи патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот по што се превртел.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(34) од Штип кој е задржан во Медицински Центар Штип на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на лице место на несреќата.

 

 

 

24.09.2017 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега