Тешка сообраќајка кај Валандово: Еден загинат, две лица повредени

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која утринава околу 5 часот и 45 минути се случила на регионалниот пат Валандово – село Марвинци.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на местото виканоп Мичкин мост, а во истата учествувале автомобил „Фиат Пунто“ управуван од Н.С. од село Јосифово и автомобил „Форд Ескорт“ со кој управувал 50 годишниот З.А. од Валандово.

 

На лице место животот го загубил возачот на Пунтото, Н.С. додека со тешки повреди се здобил неговиот сопатник 35- годишниот О.П од селото Балинци кој е пренесен во гевгелиската болница.

Последно повреден во несреќата е возачот на другиот автомобил. Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

 

 

 

 

08.11.2017 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега