Драма во Радовиш: Налутени жители нападнале полицаец

Шумска полицијата во Радовиш пронашла трактор товарен дрва кои биле без дозвола па побарале и полиција.

Од полиција соопштуваат дека вчера во 16 часот и 50 минути било пријавено дека во село Тополница–Радовиш кај прочистителната станица на браната на рудникот Бучим, полициски службеници од  шумската полиција во Радовиш пронашле трактор со приколка на која имало натоварено 2м/3 дабови дрва, поради што од полициски службеници од полициската станица во Радовиш побарале да излезат на местото на настанот, со цел безбедно да го пренесат тракторот со дрва до Јавното претпријатие“-Македонски шуми“-Радовиш.

 Меѓутоа околу 18,00 часот на наведеното место се собрале околу 40 жители од селото кои не дозволувале да се одземе тракторот, при што истите станале агресивни и во еден момент едно од лицата замавнало со тврд предмет кон полициските службеници, удирајќи го едниот од нив во пределот на главата.

Од МВР информираат дека со службено возило полицискиот службеник  бил пренесен во Здравствен дом во Радовиш каде му била укажана лекарска помош.

По целосното расчистување на случајот, од страна на ПС-Радовиш ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

08.11.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега