Гостиварско подрачје: Три самоубиства, 23 обиди за самоубиство – нерви растројства најчеста причина

На поширокото гостиварско подрачје, заклучно со денеска регистрирани се 3 самоубиства на исто толку машки лица, сите на возраст над 30 години. Трите самоубиства биле извршени со бесење, а причина за истите се нервни растројства со кои се соочувале подолго време, информираат од СВР Тетово.

Во овој период, исто така, се случиле и вкупно 23 обиди за самоубиство, претежно труења (22) и 1 со бесење. Во најголем број станува збор за труења со различни видови таблети, најмногу седативи, но и со токсични течности, средства за хигиена и друго.

-Меѓу оние кои годинава посегнале по сопствениот живот, најзастапени се женските лица, кои поради нервни растројства ( 13 случаи ), болест, невозвратена љубов или семејни недоразбирања се одлучиле на таков чекор. Најмногу од нив, по укажаната лекарска помош, пуштени се дома без посериозни последици по нивното здравје, со исклучок на неколку од случаите, додаваат од СВР Тетово.

Инаку, споредено со претходните години значително намален е бројот на самобиствата и обидите на ова подрачје, кога неретко се бележеа и по близу педесетина обиди, пред се труења со таблети, алкохол или други токсични средства.

 

 

 

08.11.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега