По речиси една година бегство фатен затвореник од Идризово

По речиси една година бегство вчера попладне полицијата уапси триесет и деветгодишен затвореник од затворот Идризово- пишува 24 Вести.

Тој бил осуден на 20 години затворска казна, а од затворот избегал на 16 декември минатата со употреба на сила и сериозна закана.

До моментот на лишување од слобода истиот само во Куманово има извршено 10 кривични дела и тоа шест разбојништва, три тешки кражби и едно одземање на моторно возило.

 

 

 

09.11.2017 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега