За повеќе од дваесет пати понизок водостојот на Вардар кај Јегуновце

Водостојот на Вардар кај Јегуновце денеска е за повеќе од дваесет пати понизок од вообичаениот за ноември, во Скопје нивото е за над три пати пониско, а во Велес и Демир Капија е речиси во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците на УХМР, водостоите и на останатите реки во земјава се под просекот за ноември, особено на Црн Дрим кај Ложани каде нивото е за четири пати пониско од вообичаеното и на Треска во Македонски Брод со 3,5 пати понизок водостој.

Нивото на Охридското Езеро е за 11 сантиметри повисоко од дозволениот минимум, на Дојранското е за 2,5 метри повисоко, а на Преспанското за 23 сантиметри пониско од  вообичаеното за ноември.

 

 

 

 

13.11.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега