Втор ден расправа за Предлог-буџетот за 2018

 

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година што започна вчера.

Пред Комисијата Предлог-буџетот вчера го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој најави трошење на народните пари на вистински мерки кои ќе придонесат за подобрување на економијата и животот на граѓаните, а не, како што рече, на расипништво и непотребни проекти.

- Во Предлог-буџетот за 2018 година се предвидени повеќе средства за клучните столбови на општеството: повисоки плати во Армијата, здравството, образованието и детската грижа. Има повеќе средства за приближување до НАТО стандардите, за поддршка на домашните претпријатија и за мерки за вработување, како и за капитални инвестиции. А има и за враќање на претходно земени долгови и на затекнати неплатени обврски, истакна Тевдовски.

Според министерот, Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството како повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО.

Според парламетнарното мнозинство, предложеникот буџет е граѓански, креиран на реални проекции и со него почнува со финансиска и економска стабилизација, за опозицијата е дека не е реален и реформски.

- Со буџетот за 2018 се почнува со финансиска и економска стабилизација на Република Македонија. Повеќе пари се наочуваат кај граѓаните и стопанството, да се унапреди македонсакта еконоија, животот и здравјето на граѓаните, рече Васко Ковачевски од СДСМ.

Додаде дека се инвестира во општеството, обрзованието, здравството, дека им се помага на сите граѓани, а држвата се доближува до ЕУ и НАТО. За Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ многу самоуверено и сомногу леснотија и без никаква детална анализа се оди со идејата дека ова е најразвоен и најреформски буџет.

Праша во кои компоненти е најразвоен и зошто е проектиран најголем буџет досега кога сите потпреседатели и економски експерти на СДСМ во изминатиот период говореше дека РМ нема капацитет, односно нема можност да реализира буџет поголем од три милијарди евра.  

 

 

 

28.11.2017 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега