Во третиот квартал годинава, помалку новородени, повеќе бракови и разводи
Во третиот квартал годинава во Македонија имало 5.866 живородени деца, што во споредба со истиот период лани претставува намалување за 7,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на умрени лица во третото тримесечје годинава бележи зголемување од 3,4 проценти во споредба со истото тримесечје од минатата година и изнесува 4.823 лица, а од нив 64 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1.043 лица, што значи бројот на живородените деца е поголем за толку лица од бројот на умрените лица.
Во третиот квартал годинава се склучени 4.670 бракови, за 8,2 процента повеќе споредено со истиот период од минатата година. Регистрирани се 399 разведени бракови, односно за 27,1 процент во споредба со истиот период од 2016 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа