Продолжува судењето за „Насилство во Центар“

 

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи рочиште за случајот „Насилство во Центар“ за кое се обвинети 14 лица.

Судијката Татјана Михајлова на претходното рочиште не го прифати барањето на дел од обвинетите за одлагање на судењето, по што почна главната расправа. На рочиштето беше донесена одлука постапки за двајца обвинети во овој случај да се раздвојат. Една е против седмообвинетиот Димче Крстев, кој се пожали дека има здравствени проблеми и има потреба да ангажира адвокат, а втората раздвоена постапка е против четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој пред Судот рече дека се чувствува виновен и оти од оваа временска дистанца длабоко се кае.

Обвинителката Фатиме Фетаи го оцени како изненадувачко, но позитивно признанието на Лазаров.

 

 

 

29.11.2017 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега