Тешка сообраќајка во Скопје: Двајца повредени - млада девојка се бори за живот

Тешка сообраќајка во Скопје, неколку лица повредени и во животна опасност.

Полицијата соопшти дека вчера во 03,00 часот во Скопје на улица „Борис Трајковски“ 32- годишниот Д.З од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Фиат Браво“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метална бандера за улично осветлување и во паркирано возило „Тојота Јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки.

- По незгодата, со возило на Итна медицинска помош сопатниците од возилото „Фиат Браво“  С.Л,(19), М.В.Т.(19) и К.М.(20) сите од Скопје, се пренесени во Ургентен центар - Скопје, каде на 19- годишната С.Л. и се констатирани тешки телесни повреди и во животозагрозувачка состојба е задржана на лекување.

Oстанатите се здобиле со телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

03.12.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега