Научниците на работ на пронаоѓање на лек против ХИВ

Дански научници веруваат дека во рок од неколку месеци ќе дојдат до револуционерен пронајдок во наоѓање на лек против вирусот ХИВ, кој предизвикува сида, пишува Телеграф.

Тие моментално спроведуваат клинички тестови да ја испитаат новата стратегија во која ХИВ вирусот се одвојува од човечката ДНК и трајно се уништува со имунолошкиот систем. Научниците исто така очекуваат дека резултатите ќе покажат дека лекот е поволен за масовна дистрибуција и прилагоден за секој џеб, ако тоа биде можно. Научниците сега спроведуваат тестови над пациенти, во надеж дека новиот метод ќе се покаже ефективен. Според лабораториските резултати, нивниот метод веќе работи. Новата техника вклучува отпуштање на вирусот ХИВ од резервоари кои тој ги прави во клетките на ДНК и негово исфрлување на површината на клетките. Еднаш кога ќе избие на површината, природниот имунолошки систем на телото може да го убие вирусот со мала помош на вакцината.

Во лабораториските испитувања новата техника се покажа толку успешна што данскиот истражувачки совет во јануари на научниот тим доделил 12 милиони дански круни (1,6 милиони евра) за понатамошни истражувања на луѓе, кои моментално се во тек.

Како што вели др. Оле Согард член на истражувачкиот тим, првите резултати се ветувачки. – Речиси целосно сум сигурен дека ќе бидеме успешни во отпуштањето на резервоари на ХИВ. Предизвикот е да го наведеме имунолошкиот систем на пациентот да го препознае вирусот и да го уништи. Тоа зависи од силата и чувствителноста на имунолошкиот систем – истакна тој.

Во испитувањето учествуваат 15 пациенти, а ако се покаже дека се излечени од ХИВ, лекот ќе се тестира помасовно.

Согард истакнува дека лекот не е исто што и превентивната вакцина и дека зголемувањето на свеста од сида останува важен фактор во борбата против ХИВ.

најчитано сега