Предновогодишна средба на децата со посебни потреби во Гостивар

Учениците со посебни потреби и штитениците на дневниот центар заедно со вработените и наставниците денес беа на заеднички ручек и меѓусебно дружење. Иницијативата за оваа предновогодишна дружба беше на градоначалникот Арбен Таравари, кој заедно со соработниците присуствуваше на претставата која се организираше во ресторанот „Вита-Аби“.

-  Ова е скромен, но мошне значаен настан. На овој начин ние се дружиме со овие деца, разговараме со нивните  воспитувачи за да ги разбереме потребите за нивно образование и да видиме што можеме ние како општина да помогнеме за создавање на подобри услови. Ова беше и прилика да им ги честитаме новогодишните празници и да поделиме мали подароци на децата, рече Таравари.

На дружењето присуствуваа ученици и воспитувачи од Дневниот центар за деца со посебни потреби и од специјалните паралелки на основните училиште „Исмаил Ќемали" и „Mустафа Kемал Ататурк".

Децата имаа прилика да го проследат настапот на гостиварските млади каратисти кои ги тренира европскиот шампион во карате Берат Јакупи, проследија и неколку комични точски со маскоти, а уживаа и во убави песни што ги изведоа неколку гостиварски артисти. 

 

 

 

22.12.2017 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега