Во Берово уапсен маж по кого имало распишано потерница

Вчера во 10 часот и 12 минути во туристичката населба „Абланица“ атар на општина Берово, од страна на полициски службеници од Полициската станица Берово бил лишен од слобода 49- годишниот З.С од село Вирче-делчевско.

Имено за З.С  имало распишана потерница од Казнено поправниот дом во Штип поради постоење основи за сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачје на Берово.

По завршувањето на постапката и изготвување на потребна документација, лицето ќе биде спроведено во Казнено поправниот дом во Штип.

 

 

 

 

20.01.2018 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега