МВР со детали за убиството на „Дижонска“: Ја прободел роднината со нож

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за убиството кое вчера се случи во куќа на улицата „Дижонска“ во скопски Чаир.

-33 годишниот М.Ш од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот  41- годишната Ж.К од Тетово, со која биле во роднински врски, откако претходно таа го нападнала со стап. Во 23 часот и 13 минути, на пат кон Комплексот клиники “Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица, информираат од МВР.

Извршен е увид од страна на  Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

21.01.2018 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега