Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Скопјанецот 64- годишен  Ц.П е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 17 часот и 20 минути се случила на крстосница ул.“Димо Хаџи Димов“ со улица “Божидар Аџија“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Фолксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.А.(40)  од Скопје кое удрило во велосипед управуван од Ц.П од Скопје.

-Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот и тој бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош, а од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.01.2018 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега