Ништо не е загубено: Со 4 бода одиме во полуфинале

Македонија загуби од Шпанија со убедливи 31:20, но тоа апсолутно не значи дека сме ги загубиле шансите за место во првата четворка на Европското ракометно првенство. Она што повеќе загрижува во моментов е повредата на капитенот Кире Лазаров.

По поразот од Шпанија, можната разврска и потенцијалниот пат до полуфиналето е јасен. Впрочем тој е многу едноставен, кога е математиката во прашање, но не и лесен за остварување.

Потребно ни е да ги добиеме Данска и Чешка до крајот на овој круг и сме сигурни полуфиналисти. На тој начин Македонија би имала седум бода, Данците би останале на шест, а Германија (4) и Шпанија (5) што било и да направат не можат и двете да бидат пред нас.

Против Чесите играме во вторник во 20.30 часот, а со Данска в среда во 18.30.

Меѓутоа, за да го направиме тоа, неопходен ќе ни биде капитенот Кирил Лазаров, кој вечерва против Шпанците излезе од игра во 12. минута, жалејќи се на повреда и не се појави повеќе на теренот.

 

 

 

21.01.2018 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега