ЕХФ на Твитер: Првенството за Кире Лазаров е завршено

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска на својот „Твитер“-профил објави дека Европското првенство е завршено за капитенот на Македонија, Кире Лазаров поради повреда.

Нашиот репрезентативец вчера се повреди во 11-тата минута од натпреварот против Шпанија во рамки на 1.коло од Групата 2 од главната фаза на континенталниот турнир. Лазаров незгодно доскокна по едно додавање кон Гоце Георгиевски и веднаш се фати за задната ложа на десната нога.

Тој веднаш го напушти натпреварот и не се врати во игра.Дали е точен изворот на ЕХФ дека првенството за Лазаров е завршено, не знаеме. Се чека официјална официјална информација од таборот на македонската ракометна репрезентација откако ќе бидат извршени детални прегледи на повредата.

 

 

 

22.01.2018 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега