Стоилов: Не е исто без Кире, но имаме и реални шанси без него

Пикерот на македонската ракометна репрезентација Столе Стоилот истакна дека во репрезентацијата играат доста искусни играчи кои можат да го понесат товарот на утрешниот натпревар со Чешка и покрај тоа што Кире Лазаров нема да игра.

„Знаеме што не очекува. Не е исто ако не игра Кире, но и ако не игра, екипата е подготвена да го понесе тој товар. Има тука искусни играчи, играчи кои биле на европски првенства и мислам дека можеме да го понесеме тој товар. Мислам дека имаме реални шанси со Чешка“, вели Стоилов.

Тој потенцираше дека мора заеднички да се борат и да се врати победничкиот дух за да се победи Чешка.

„ Чешка сега ни е во фокусот. Тој меч ни е како финале и треба да се подготвиме, да го вратиме тој дух што не красеше во првата рунда. Мора да играме подобро во одбрана, да се враќаме, да се бориме - тоа ни е шансата“, додаде Стоилов.

 

 

 

22.01.2018 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега