Фејсбук има сопствена единица за време

Експертите од компанијата Фејсбук креирале сопствена единица за време – се вика „флик“.

Флик (flick) е создаден со цел на „девелоперите“ да им се олесни работата на синхронизација на видео ефектите, а изразот претставува кратенка од зборовите „frame-tick“.

Во прашање е единица за време незначително поголема од наносекунда.

Конкретно, флик се однесува на 705.600.000-ти дел од секунда, а научниците тврдат дека ќе ги унапреди искуствата на полето на виртуелната реалност.

Флик би требало да има најмногу ефекти во програмскиот јазик С++, особено кога во прашање е визуелен ефект за филм, телевизија или други медиуми.

Идејата за новата единица за време ја објавил Кристофер Хорват на својот профил кон крајот на минатата година, а сега нејзиното постоење ја потврди и стручниот штаб на сајтот „GitHub“.

 

 

 

30.01.2018 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа