Адвокатот на Села бара половина милион евра за нанесување физичка и душевна болка

Второ рочиште од судскиот случај против обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 ми април беше одржано денеска.

Неговиот адвокат најави дека имаат отштетно побарување во износ од без малку половина милион евра.

Пратеникот Зијадин Села бара обесштетување од 30 милиони денари од обвинетите.

Околу шест и пол часа траеше сослушувањето на двајцата сведоци во Кривичен. За наредното рочиште кое е закажано на 19 февруари треба да сведочи Зијадин Села. Обвинетите беа донесени со лисици на рацете, деветмина од истражниот затвор, еден од домашниот притвор.

 

 

 

 

08.02.2018 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега