Украден сеф од црквата „Св. 15 Тивериополски маченици“ во Струмица

Двајца разбојници, од кои едниот добро познат познат на полицијата, а по другиот се трага, успеале од Параклисот на црквата „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица да украдат сеф во кој имало 6.300 денари, пари кои ги оставаат верниците.

Портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, истакна дека осомничениот Н.Н. на 10 овој месец заедно со друго засега непознато лице прво од дворно место во градот украле рачна количка и со неа го извршиле кривичното дело.

- Со подесен предмет бил отстранет катанецот од влезната врата по што пријавениот со непознатото лице ја украле металната каса-сеф, во кој се наоѓале парични средства. Во 02:30 часот пријавениот со непознатото лице на улица „Спиро Захов“, забележувајки ја полициската патрола ја оставиле количката и побегнале во непознат правец, информираше Рендевска.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и е доставена во Основното јавно обвинителство-Струмица.

 

 

 

21.02.2018 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега