Погледнете колку интернет ќе ви потрошат само 10 минути на Фејсбук

За многумина од нас телефонот речиси во целост ни го заменил компјутерот, особено кога станува збор за сурфање на интернетот.

На екраните на смартфоните можеме да ги добиеме сите информации кои не интересираат,како и да ги следиме пријателите на бројните социјални мрежи – и сето тоа додека сме движење.

Меѓутоа, тоа доаѓа со одредена цена во вид на пари кои ги плаќаме за интернетот кој го трошиме.

Една од нај користените апликации секако е Фејсбук , меѓутоа, колку таа во интернетот не чини секојдневно?

На потрошувачката на интернетот секако придонесуваат и бројните видео снимки кои станаа стандард на Фејсбук, но и линковите на кои кликаме и кои не носат кон други интернет страни, и повторно, ги трошат драгоцените мегабајти.

Целото ова дружење и уживање доаѓа со поприлична цена.

Неодмана спроведено истражување покажало дека 60 минути скролање на Фејсбук може да потроши околу 100 мегабајти интернет. Можеби ова ви изгледа како премногу време, но неколку минути по неколку минути и по десетина минути останувате без 16 мегабајти – туку така. Ова значи дека во просек, минута на Фејсбук „чини“ 1.6 мегабајти.

Притоа, ако секој ден трошите олку време, па дури и двојно помалку, на месечно ниво Фејсбук може да ви „изеде“ помеѓу 1.5 и 1.3 GB интернет – а тоа е поприлично количество

 

 

 

23.02.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега