Владата го назначи Еленовски за специјален претставник за НАТО во Брисел
Бујар Дарлишта е именуван за в.д. директор на Управата за водење на матични книги, а Лазар Еленовски е назначен за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел, соопшти владината прес служба. Еленовски беше министер за одбрана во првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ до 2008 година.
Влдата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија – станува збор за Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.
27.02.2018 - 20:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа