Обилни врнежи од снег низ Македонија - каде вее во моментов

 

Снежните врнежи и натаму го отежнуваат сообраќајот кој се одвива со забрани за товарни возила на дел од патиштата, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Врнежи од снег со слаб интензитет има во Маврово, Смојмирово и на планинските превои Стража и Ѓавато. Обилните врнежи од снег го отежнаа сообраќајот на патот Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хиса, каде е задолжителна зимска опрема за патнички моторни возила, а не се пропуштаат товарни возила, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Времето денеска ладно со температури до -10.

 

 

 

28.02.2018 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега