„Жан Моне" наместо во Париз ќе се одржи во Охрид
Политичкиот дијалог меѓу парламентарните партии „Жан Моне“ наместо во Париз, ќе се одржи во Охрид.
На средбата ќе се разговара за прашања кои ја дефинираат работата на Собранието, а се дел од европската агенда на земјата, за измените во Собранискиот деловник, изработката на Етички законик, а пратениците побарале во преговорите да се вклучи и изготвувањето стратегија за фискална транспарентност на Собранието, како и буџетска независност на законодавниот дом, пишува Охридњуз.
Политичкиот дијалог ќе се одржи на средината на март.
28.02.2018 - 08:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа