Џафери: Собранието да биде самостојно, и чашите се во сопственост на Влада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека за да биде Собранието самостојно финансирањето мора да се оддели од Владата. Тој ова го истакна на брифинг со новинарите.

- „Буџетот го предлага Владата, ние само гласаме. Министерот за финансии кога сака може да скрати дел од парите предвидени за Собранието. Гледате, на чашите пишува Служба за општи и заеднички работи, дури и водата ја набавува владата. За да ја добиеме улогата што ја имаме според Уставот, ќе мора да имаме потполна независност“, кажа Џафери пред новинарите, пренесе СДК.МК.

Тој за Законот за јазиците и работата на Собранието рече дека е оптимист за решение на проблемот со ВМРО-ДПМНЕ и дека очекува наскоро да седнат во пратенички клупи. Според него ако се води расправа за амандманите, повторно ќе се блокира работата.

 

 

 

28.02.2018 - 13:40
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега