Отстранувањето на Александар Македонски од аеродромот топ тема во Грција

 

 

Од доцна синоќа дел од грчките медиуми, започнаа да ја објавуваат веста за отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром.

Информацијата ја дополнија со фотографии и видео од македонските медиуми. Од рано утрово, пак, текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА ја презедоа сите онлајн изданија на медиумите, јави дописникот на МИА од Атина.

„Отстранет споменикот на Александар Велики од аеродромот во Скопје“ е насловот на веста на АНА-МПА. 

Споменикот со виисна од 1,5 метри беше поставен како донација, пишуваат медиумите и додаваат за преименувањето на Аеродромот.

 

 

 

 

01.03.2018 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега