Нови детали: Мајката го испуштила од рака бебето во Чаир - за секунда се случил ужас

Новите информации за трагедијата која вчера го потресе Скопје откако бебе падна од прозорец на влез во Чаир и почина, говорат дека и мајката го видела ужасот. Фокус дознава дека при падот бебето се здобило со скршеница на черепот и крварење на мозокот, по што за кратко време им подлегнало на повредите.

Според неофицијалните информации од полицијата до кои дојде „Фокус“, бебето по скалите во зградата кај што живееле на улицата Архиепископ Доситеј во скопски Чаир не се симнувало само со неговата баба, туку на местото на настанот била присутна и неговата мајка.

Мајката во транспортер го носела другото бебе, додека сега починатото го држела за рака. Во еден момент, таа транспортерот со бебето кое имало само еден месец го префрлила од едната во другата рака, со што починатото 14-месечно бебе го искористило моментот на невнимание на неговата мајка и се отпуштило од раката и преку скршениот прозорец паднало пред влезот на зградата на висина од 2,5 до 3 метри.

 

 

 

07.03.2018 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега