Каменуван автобус на ЈСП - едно лице приведено

Вчера околу 14, мирниот протест кој се одржа за малиот Алмир, заврши со инцидент објави Нетперс.

Како што информираат од МВР на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје оштетен е автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линија број 50. Со камења биле скршени три стакла. По преземени мерки, од слобода е лишен 22-годишниот А.М.  од Скопје.

Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

22.03.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега