Пожар во Скопје - момче вдишило премногу чад, итно однесено на Клиника

Вчера претпладнето во 12:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Панче Неделковски“ од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на 29-годишниот А.Ч.

Од пожарот бил опожарен прозорецот и креветот во дневната соба. А.Ч. поради вдишан чад бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

Пожарот бил локализиран од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

 

 

 

22.03.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега