Странски државјанин уапсен на граничниот премин „Табановце“

Вчера во 12 часот и 15 минути на Граничниот премин Табановце на влез во Македонија бил уапсен странски државјанин.

Имено 57- одишниот Т.Д.Г од Белгија со патничко возило „Форд“, со белгиски национални ознаки при пасошка контрола приложил македонска возачка дозвола на негово име.

По извршената проверка било утврдено дека документот бил фалсификуван.

Лицето било приведено во Полициската станица за Граничен премин Табановце, а во 13 часот било предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

 

22.03.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега