Околу 3.000 ,,фантоми‘‘ во Македонија - од утре да се пријават во матичните служби
Министерството за труд и социјала и управата за матична евиденција ќе ги бројат фантомите во државата, јавува Сител.
Од утре па се до септември сите овие лица кои немаат никакви документи ќе можат да се пријават во матичните служби. Паралелно на терен социјални работници и граѓански здруженија ќе ги лоцираат граѓаните кои немаат потврда за идентитетот или доказ за потеклото.
Проценките на надлежните се дека во државава има околу 3000 фантоми.
Инаку Упреавата за матични книги повеќе од два месеци беше без диретор. За ова време шалтерите на матично останаа и без службеници и без материјали за работа. Дали Управата ќе може да се справи со предизвикот за регистрација на фантоми, новиот директорот тврди дека ресурси за работа има.
Дарлиша раководи со службата помалку од еден месец. Претходно вработените работеа без плата, голем број од нив останаа без работа бидејќи немаше кој да им ги продолжи договорите. Дали на нивните места ќе бидат вработени нови или пак истите се вратени повторно во управата, директорот не сакаше да одоговори на овие прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа