Паркирал и ги оставил клучевите на брава - украдени два автомобили во Скопје

Во Полициската станица Гази Баба вчера во 12:30 часот, 30-годишниот И.А. од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 11:20 до 11:45 часот од паркинг на улица „808“ му било одземено патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало лични документи и 12.000 денари.

Сторителот го искористил невниманието на пријавителот и со клучевите кои биле оставени во бравата го стартувал возилото и заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 280.000 денари. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото, на сторителот и за целосно расчитување на случајот.

Истиоt ден, во 13:40 часот во Полициската станица Центар, 53-годишниот Т.С. од Скопје пријавил дека во периодот од  13 часот на 21.03.2018 до 11 часот на 22.03.2018 година од улицата „Стефан Јакимовски Дедов“ непознат сторител одзел патничко моторно возило „Цитроен Ц4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата ќерка Е.Г.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

23.03.2018 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега