Управителка на казино во Радовиш затајувала данок - не ги евидентирала исплатите и го оштетила буџетот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш  поднесе кривична пријава против 48-годишната В.Т. од Скопје и против ДТУ “ПРО-БЕТИНГ“ ДОО Скопје за сторено кривично дело „даночно затајување“. 

На 31.12.2017 година во Радовиш на улица „Плоштад Слобода” во автомат клуб подружница на „Казино Б-ВИН” во Радовиш, во сопственост на ДТУ „ПРО-БЕТИНГ“ ДОО Скопје,   на автоматот/маса за игри на среќа „рулет“ биле направени десет трансакции од кои пет уплати со вкупна вредност од 200.000 денари и пет исплати со вкупна вредност од 1.320.025 денари. При тоа првопријавената, инаку во својство на управител на ДТУ „ПРО-БЕТИНГ“ ДОО Скопје, спротивно на Законот за игрите на среќа,  на добитникот не му издала потврда за добивка, односно не водела евиденција за остварени добивки во игрите на среќа кои поединечно го надминуваат износот од 10.000 денари. Со што го оштетила буџетот на Р.Македонија за 224.005 денари.

 

 

 

23.03.2018 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега