Келнерот не им донел пијачка па искршиле се - има повредени во локал во Скопје

Во два часот по полноќ во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

По завршување на работното време, вработениот одбил да им однесе пијалак на гостите кои седеле на една од масите. После тоа, две непознати лица започнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што заминале во непознат правец.

На повреди се пожалиле повеќе лица, но само 45-годишниот В.Н.од Скопје побарал лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.03.2018 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега