Пожар беснееше во куќа во Скопје

Во 21 часот и 50 минути настанал пожар во куќата на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, сопственост на 56-годишниот Н.К. од Скопје.
Со пожарот бил зафатен плафонот и гардероба која била оставена во тоалетот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран.
Повредени лица нема.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. 
 
 

 

 

25.03.2018 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега