Пратеникот од власта Горан Милевски физички нападнат на плоштадот во Скопје

Пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски попладнево бил физички нападнат на плоштадот во Скопје, дознава Press24 од неофицијални извори. Според нашите информации пратеникот добил неколку шлаканици од се уште непознато лице. Случајот е пријавен во полициската станица Центар а пратеникот побарал медицинска помош.

Од МВР ја потврдуваат информацијата на Press24. 
"Во 16,30 часот Г. М.  пријави дека додека се движел по плоштад Македонија бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување  на случајот" - велат од МВР
 
 
 

 

 

25.03.2018 - 22:06
Фото: 
ЛДП

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега