Седници на три собраниски комисии денеска

Седници денеска ќе одржат три собраниски комисии – за одбрана и безбедност и за економски прашања, а Законодавно правната комисија ќе одржи две различни седници.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност во второ читање ќе ги разгледуваат Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог закон за изменување на Законот за гранична контрола и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања меѓу другите се Предлог – закон за изменување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог закон за изменување на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Законските предлози исто така се ставени во второ читање.

Законодавно-правната комисија денеска ќе ги одржи 54 и 52 седница.

 

 

 

26.03.2018 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега