Снегот не престанува да врне - воведена забрана за тоарни возила на овие патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и Попова Шапка.

Поради врнежи од снег, од 08:50 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово - Дебар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 

 

 

26.03.2018 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега