Сметководителка од Охрид олеснила 4 фирми за 4,5 милиони денари

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 41-годишната Б.Н. за  „компјутерска измама“, „проневера во службата“ и „фалсификување на службена исправа“.

Б.Н. во периодот од 2011 до 2017 година, како сметководителка во сметководствено биро од Охрид, ја искористила својата службена положба и овластување и без знаење и одобрување од четири правни субјекти-клиенти на бирото од нивна сметка вршела плаќања на својата сметка.

Таа извршила фалсификување на содржината на 369 оригинални изводи од електронските банкарства со внесување во нив на невистинити податоци. На тој начин Б.Н. противправно присвоила парични средства доверени во службата, при што на четирите правни субјекти им нанела вкупна материјална штета од 4.591.611 денари.

Таа ја искористила можноста што физички ги поседувала банкарските токени со корисничките имиња и лозинки на клиентите кои се наоѓале во просториите на сметководственото биро и и биле на располагање за вршење плаќања за нивни потреби.

 

 

 

27.03.2018 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега